Lifan Group е приватно претпријатие фокусирано на научно истражување и развој, како и производство и продажба на мотори, автомобили и индустриски машини. Во исто време компанијата е вклучена и во финансиски активности, хартии од вредност и недвижен имот.
Почнувајќи од електроенергетскиот сектор, Lifan Group разви деловно портфолио кое се фокусира на автомобили, мотори и индустриски машини, придржувајќи се кон развој на самостојна марка со независна стратегија за истражување, развој и интернационализација.
Lifan Group ги продава своите производи во 165 различни земји и региони. Поставувајќи и одржувајќи го рекордот со најголем обем на извоз меѓу домашните претпријатија во автомобилскиот сектор, Lifan ја доби најголемата чест како “ Национален идентитет “ на Кина, што го направи претпријатието едно од 100 – те најпознати претпријатија кои го претставуваат 60 – годишниот економски развој на Кина од основањето на нацијата.
Во 2014 година, претпријатието оствари приход од продажба од 30.62 милијарди јуани со продажба на 283.100 автомобили, 3.674.600 мотори, и 401.100 индустриски машини.
DFSK како дел од корпорацијата DFM ( Dongfeng Motor Corporation ) е формирана во 2003 година. Делокругот на работа на DFSK опфаќа истражување, развој, производство, продажба и сервис на комерцијални и патнички возила. Компанијата од своето формирање до денес изгради четири фабрики. DFSK користи врвна, светска технологија и сервис. Таа е прва помеѓу кинеските компании за производство на возила што успеала да обезбеди сертификат за ЕУР 3, ЕУР 4, ЕУР 5 и ЕУР 6.